0
Schenker AG, управниот тим на деловната единица на DB Schenker е составен од водечки професионалци во индустријата коишто се експерти во сите области на логистиката и професионалци за синџирот на снабдување.
Јохен Тевес, роден во 1971 година, претседател на управниот одбор на Schenker AG од 1 септември 2015 година. Имајќи ја оваа улога, тој раководи со деловната единица на DB Schenker којашто е дел од управниот оддел „Финансии и средства“ на групацијата DB. Тевес, којшто потекнува од германскиот град Реда-Виденбрик, е меѓународно признат синџир на снабдување и експерт за логистика, со повеќе од 20 години стручност и искуство за вишо управување, како на регионални, така и на глобални позиции. Во текот на изминатите години, Тевес има дадено значаен придонес за DB Schenker, особено од 2011 година на позицијата главен извршен директор во Сингапур во брзиот и динамичен регион на Азија//Тихи Океан, каде што е одговорен за 13.000 вработени на 200 локации во 20 земји. Пред тоа, беше на позицијата на виш заменик-претседател за глобалната логистика на карго со брод со седиште во Есен/Германија.
Оливер Зајдл има долгогодишно искуство на различни позиции за управување со финансии и како извршен директор и член на управниот одбор, како и во останатите светски корпорации.
Маркус Зонтхајмер е роден во Фридрихшафен, Германија во 1968 година. Г. Зонтхајмер има диплома за индустриски инженеринг доделена од страна на Техничкиот универзитет во Еслинген. Во 1994 година, ја започна професионалната кариера во Daimler AG каде што беше на различни високи позиции (на национално и на меѓународно ниво), вклучувајќи ги позициите на директор за информатички системи за продажба, маркетинг и услуги по продажба и директор за информатички системи на Одделот за финансиски услуги во Daimler AG. Во текот на последните 5 години, тој ја реконструираше и ја трансформираше глобалната ИТ за финансиската група во Deutsche Bank и стана главен информатички директор за финансии.
Маркус Зонтхајмер се приклучи на Управниот одбор на Schenker AG на 1 декември 2015 година како главен информатички директор (CIO).
На 22 јуни 2016 год. му беше доделена дополнителна улога како директор за дигитална технологија (CDO) за Schenker AG од страна на Надзорниот одбор. Како директор за информатички системи и директор за дигитална технологија, тој е одговорен за ИТ и дигитализација.