161110_icono_product_teaser Shape Shape 161110_icono_product_teaser icon-arrow-left icon-arrow-right icon-first icon-last 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser location-pin 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser contact-desktop-white careers-desktop-white

Стратегија

Нашата стратегија за 2020 година ги вклучува сите димензии на дејствување на одржлив и успешен начин. Со предизвикување на статус кво во индустријата за логистика, се стремиме кон економска, општествена и еколошка хармонија во логистиката и управување со синџирот на снабдување.

мисија до

2020 год.

Економски

До 2020 година, DB Schenker ќе биде профитабилен, квалитетен лидер и ќе биде на водечки позиции на целните пазари. Надоврзувајќи се на долгорочната финансиска стабилност, ќе продолжиме да инвестираме во пазари во раст, нови компании и во стручноста на вработените. Ќе испорачуваме иновативни производи засновани на високоефикасни процеси и врвни ИТ системи. Притоа, клиентите остануваат сосема задоволни со водечките мрежи и индстриски решенија што им ги нудиме.

Општествено

До 2020 година, ќе бидеме главен работодавец во индустријата во која работиме. Ние сме разновидна и меѓународна компанија којашто инспирира и привлекува луѓе од сите возрасти и професии. Го поддржуваме развојот на вработените и им нудиме локални и меѓународни кариерни можности. Односите ни се засноваат на заемна доверба и на филозофијата на заедничко раководство. Нудиме работна средина во којашто се почитуваат индивидуалните потреби и се цени придонесот на сите.

Еколошки

До 2020 година, ќе бидеме еколошки пионер во индустријата во која работиме. Портфолиото на еколошки производи и стручноста во еколошко советување ни се централниот дел на одржливата стратегија. Овие карактеристики имаат јасна конкурентна предност за клиентите и за нас. DB Schenker ќе се смета за репер во врска со јаглеродната и енергетската ефикасност. Исто така, се залагаме за намалување на другите емисии, како што се бучавата, со цел општеството повеќе и повеќе да го прифаќа нашиот иден развој.

До 2020 година ќе бидеме водечки обезбедувач на интегрирани транспортни и логистички услуги.

Како профитабилен, квалитетен лидер, водечки работодавец и еколошки пионер во индустријата во која работиме, до 2020 година ќе бидеме водечки обезбедувач на интегрирани транспортни и логистички услуги. DB Schenker. Донесување решенија.
DB Schenker. Донесување решенија.