Со различни можности за напредување во кариерата, инвестираме во најпаметните надежни лица во глобалната логистика. Ако ве возбудуваат предизвиците и сакате да му се придружите на лидерот во иновативна логистика, DB Schenker е местото за вас.
DB Schenker ќе ви помогне во оваа нова и возбудлива фаза од животот - професионалниот живот. Ќе ве придружуваме до идеалното работно место и ќе ви понудиме разни можности за напредок во кариерата - и сите на глобално ниво. Откријте широк спектар на можности коишто може да ви ги понуди национално и меѓународно успешна компанија и не пропуштајте ја можноста да уживате во успешен почеток на кариерата.
Целта ни е да промовираме високо мотивирани и посветени дипломирани студенти коишто се подготвени да ја преземат одговорноста од првиот ден и коишто не се плашат да преземаат возбудливи предизвици. Со нетрпение очекуваме да ги чуемеиновативните идеи што ги имате и за возврат да ви понудиме нови долгорочни перспективи.
Ако веќе знаете која област најмногу ве инспирира, разгледајте ги слободните работни позиции.