Што ќе научите?
Нашата меѓународна програма за приправници „Talents international“ (Таленти од целиот свет) претставува единствена можност за сите дипломирани студенти коишто се заинтересирани за областа на меѓународната логистика. Во период од 18 месеци, нашите приправници работат во сите важни деловни области во компанијата, добивајќи целосен преглед на нашите активности во целиот свет. Од административни задачи во германското седиште и управување со оперативни работи во Малезија до запознавање на клучните клиенти од индустријата на висока технологија во САД - ќе добиете корисно искуство без разлика каде ќе ве однесе идната кариера.
Што ви е потребно?
За меѓународната програма за приправници, бараме мотивирани и посветени дипломирани студенти. Детално ги разгледуваме квалификациите, работното искуство и карактерот за да утврдиме дали добро ќе се вклопите во програмата. Предусловите се: