161110_icono_product_teaser Shape Shape 161110_icono_product_teaser icon-arrow-left icon-arrow-right icon-first icon-last 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser location-pin 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser contact-desktop-white careers-desktop-white

eSchenker

Со вклучувањето на сите наши е-услуги во еден портал, го развивме најнапредното логистичко решение досега. Го претставуваме eSchenker - систем од еден извор за управување и оптимизација на синџирот на снабдување. Од следење и распоред до резервирање и известување, може да видите сѐ во базата на податоци на eSchenker.

Распоред

Услуги за збирен транспорт на DB Schenker во Европа. Едноставно, изберете земји и внесете ги соодветните поштенските кодови на почетното место и дестинацијата и ќе ги добиете потребните информации за одредените транзитни времиња во секунди - за да се оптимизираат процесите на планирање.
Get started

Калкулатор на емисии

Пресметајте ги јаглеродните отпечатоци за одредени контингенти за испорака и добијте извештаи за ад хок емисии. Достапни во различни формати, со избор на приспособливо поле за запис.
Get started

Формирање цени

Внесете ги параметрите и добијте конкурентни понуди со јасно структурирани модели на цени. Заштедете драгоцено време со функцијата за образец со којашто може да ги зачувате и повторно да ги користите поранешните записи.
Log in

Резервирање

Зачувајте ги резервациите за подоцнежно финализирање, користете стандардни обрасци за резервација, управувајте со најновите резервации, контактирајте со одговорниот оддел во DB Schenker или управувајте со индивидуален адресар.
Log in

Предупредување/ Известување

Добијте целосна контрола на времето и зачестеноста на автоматски известувања по е-пошта. Поставете како сакате да добивате известувања за неочекувани настани за време на распоредот на превоз.
Log in

Следење

Алатката за следење eSchenker е лесна за користење и ви дава информации во реално време за локацијата и статусот на пратката и тековното проценето време на испорака. Доделувањето број за следење значи дека може да пристапите до детални податоци за испорака онлајн без да се најавите. Технологијата за следење сега ни е надградена со уште подетален преглед и информации за статусот за сите пратки.
Get started

Напредно следење

Спектарот на напредни методи за пребарување секогаш ве води директно до информациите коишто ви се потребни. Други нови карактеристики наменети за максимална ефикасност се: преземање на резултатите од следење, прикачени документи, пристап до потпишан доказ за испорака или ePOD и управување со контејнер.
Log in

Известување

Стандардизираниот модул за известување на eSchenker овозможува транспарентност во комплетниот синџир на снабдување со тоа што ви овозможува моментално да креирате претходно дефинирани стандардни извештаи за пратки, перформанси, финансии или емисии - за сите видови услуги и транспорт.
Log in

Испорака на фактура

Оптимизирајте го управувањето на фактурата со поврзување на активностите за фактурирање директно со пратките и податоците за следење. Добијте дигитална копија на фактурите.
Log in