Со порастот на глобализацијата, индустријата за електроника се соочува со поголеми притисоци во врска со времето и трошоците. Во DB Schenker, ги почитуваме и ги разбираме овие притисоци. Нашите приспособени решенија се наменети за оптимизирање на процесот на производство и ги намалуваат трошоците на компанијата. Користејќи платформи на повеќе субјекти, го подобруваме планирањето и соработката во рамките на синџирот на снабдување за да го забрзаме протокот на материјали и готови производи.
Некои од најголемите компании со брзорастечка технологија го користат DB Schenker за управување со глобалните синџири на снабдување. Овие компании имаат развиено стратегии за коишто се потребни снабдување од меѓународни локации, брз влез на нови меѓународни пазари, како и централно оптимизирање на синџирите на снабдување. За ова е потребен обезбедувач на логистички услуги којшто може да понуди комплетни решенија со глобална покриеност и целосна видливост од местото на нарачка до испораката. Со програми како автоматско царинење, договорни услуги за синџирот на снабдување, веруваме дека DB Schenker е единствено позициониран за да им помогне на клиентите да влезат на нови пазари и да ги искористат можностите за глобално снабдување.
За индустријата за електроника, DB Schenker обезбедува глобална експертиза за предизвиците со синџирот на снабдување на клиентите, вклучувајќи:
Покрај тоа, имаме искуство и со:
Комбинирајте го горенаведеното со нашите услуги со додадена вредност, како што се поправките или обележувањето, и ќе видите дека DB Schenker може да ги исполни сите потреби во врска со управувањето со синџирот на снабдување.
eSchenker е најнапредното логистичко решение досега. Ги вклучува сите е-услуги на еден портал, давајќи ви максимална поддршка во секоја фаза на синџирот на снабдување. Од следење и планирање до резервирање и известување, eSchenker ви ги задоволува потребите за логистика.
Алатката за следење eSchenker е лесна за користење и ви дава информации во реално време за локацијата и статусот на пратката и тековното проценето време на испорака. Доделувањето број за следење значи дека може да пристапите до детални податоци за испорака онлајн без да се најавите.
Технологијата за следење сега ни е надградена со уште подетален преглед и информации за статусот за сите пратки.