161110_icono_product_teaser Shape Shape 161110_icono_product_teaser icon-arrow-left icon-arrow-right icon-first icon-last 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser location-pin 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser contact-desktop-white careers-desktop-white

Индустриски логистички решенија

Нашите услуги опфаќаат широк спектар на подиндустрии долж индустрискиот вредносен синџир, од транспортни решенија за суровини до логистика за резервни делови за производители на мотори. Со користењето на нашите глобален транспорт и експертиза во договорна логистика, може целосно да го оптимизираме синџирот на снабдување.

Врз основа на познавањето на индустријата и докажаните најдобри практики, креираме рационални, стабилни и сигурни процеси. Целта ние е да ја обезбедиме поддршката којашто ви е потребна за да ги постигнете целите и да се здобиете со конкурентна предност во рамките на секторот на индустријата во којашто работите.

За вертикалната индустрија, DB Schenker обезбедува глобална експертиза за предизвиците во синџирот на снабдување на клиентите, вклучувајќи:

  • Долгогодишно искуство во индустријата и познавање на пазарот
  • Искуство во ракување и складирање на огромен спектар на производи, од ветерни турбини и авионски крила до мали компоненти со висока вредност
  • Искуство со логистика на проектна логистика и транспортни решенија за исклучително тешки и големи производи
  • Глобална мрежа на центри за реализација и резервни делови за клиентите
  • Наменски решенија за складирање, надворешни и внатрешни
  • Широк спектар на услуги со додадена вредност за пакување, лесно составување, како и тестирање на квалитетот
  • Мерливи решенија во сите индустриски сегменти и фази на синџирот на снабдување, приспособени на индивидуалните потреби
  • Иновативни пристапи и концепти со коишто полесно ја зголемувате продуктивноста и/или квалитетот на услугите
  • Интегриран пристап со глобална покриеност и компетенции во сите начини на транспорт (авионски транспорт, океански транспорт, копнен транспорт, железнички транспорт, договорна логистика/SCM)

Врз основа на познавањето на индустријата и докажаните најдобри практики, креираме рационални, стабилни и сигурни процеси. Целта ни е да ја обезбедиме поддршката којашто ви е потребна за да ги постигнете целите и да се здобиете со конкурентна предност во рамките на секторот на индустријата во којашто работите.

Нашите поврзани производи и услуги

Производи

Копнен транспорт

Со 430 филијали за копнен транспорт низ цела Европа, производите и услугите за копнен транспорт на DB Schenker опфаќаат широка мрежа. Добијте го она што е потребно за да останете пред конкуренцијата со нашиот широк спектар на решенија за копнен транспорт.

Без разлика дали имате потреба од копнен транспорт, железнички транспорт или од двете, со нашите решенија за копнен транспорт, пратките навремено и сигурно ќе пристигнат на утврдената дестинација. Не е важно дали имате потреба од испорака на еден пакет или сакате да управуваме со целиот синџир на снабдување. Со нашиот копнен транспорт може да превезувате каква било стока на која било локација.

Нашите производи за транспорт на товар гарантираат успех на милиони пратки со копнен транспорт. Со докажани резултати во однос на квалитететот и со навремен транспорт, производите ќе ви бидат во сигурни раце.

Оди на производ
Копнен транспорт

Мултимодални решенија

Секој експерт за логистика знае дека не постои начин на транспорт со една големина којашто одговара за сѐ. Тоа е причината зошто DB Schenker ги комбинира конкретните предности за сите начини со развивање на нови мултимодални решенија наменети за нашите клиенти.

Им нудиме широк спектар на мултимодални решенија на клиентите - од конвенционална железничка шпедиција до интермодална, од стандардни товари до посебни транспорти, од тешки стоки до висока вредност, од север кон југ и исток кон запад, од нормална дебелина до голема дебелина, од пристаниште до железничка станица, од полуприколка до приколка на тркала, од Кина до Европа - на еколошки начин.

Нашата стручност: Приспособување на оптимална комбинација на начини на транспорт

Основна компетентност ни се инженерските комплетни решенија со комбинирање на железничкиот, патниот и поморскиот транспорт на кратки релации во согласност со конкретните барања на клиентите. Од таа причина ги приспособуваме услугите на видот на товарот којшто треба да го транспортираме, без разлика на тоа дали се работи за потрошувачки или индустриски стоки, хартија, челик, градежни материјали, машини, електроника - со широк спектар на опрема за товарење.  

Со DB SCHENKERrailog обезбедуваме конвенционални решенија за железничкиот транспорт, вклучувајќи ги копнениот транспорт пред и по товарење со камион и претовар на стоки преку терминал и железничките терминали, заедно со голем број дополнителни услуги (на пример, складирање, следење, царинење, документација) и повеќејазичен персонал, со одличен пристап до сите железнички превозници или обезбедувачи на железнички услуги.

DB SCHENKERintermodal е нашата комплетна услуга за поврзување на оската север-југ во Европа со редовни фреквенции и голем капацитет во сопствена интермодална мрежа со користење полуприколки, како и заменливи контејнери или контејнери за управување со копнениот транспорт пред и по товарење на камион и крајбрежни траекти. Покрај тоа, нудиме интермодален транспорт со единствен пристап до отворената интермодална мрежа низ цела Европа.

За одреден копнен транспорт низ Европа и некои интраевропски ленти на трговија, поморското поврзување долж крајбрежјето може да биде добра опција. Како резултат на тоа, имаме развиени транспортни решенија меѓу дефинираните пристаништа со DB SCHENKERshortsea каде што каргото се транспортира на или во специфична опрема, како приколки на тркала или контејнери.

Поврзување на Кина со Европа преку железнички транспорт

DB Schenker е пионер кога станува збор за воспоставувањето редовен железнички транспорт во Трансевроазискиот коридор којшто ги поврзува Кина со Европа и обратно со железница. Ова интермодално поврзување е атрактивен додаток на останатите видови транспорт: помали транспортни трошоци во споредба со аеротранспортот, побрзи периоди на реализација во споредба со логистиката на карго со брод. DB SCHENKEReurasia вклучува комплетни решенија за блокови на возови, единични контејнери (FCL) или групирани контејнери, како и неполни контејнери (LCL) за различни правци.

Зачувување на CO2 во комбиниран транспорт - на патиштата и на шините

DB Schenker ги комбинира специфичните предности за секој начин, а со тоа ги комбинира исклучителниот еколошки отпечаток на товарните возови и флексибилноста на камионите. Товарот се транспортира со железнички транспорт во последната етапа секогаш кога е можно. DB Schenker може да го намали CO2 до 80 проценти во споредба со конвенционалниот патен транспорт. Неговата флота на камиони се справува со превозот пред товарење и со дојдовниот превоз. DB Schenker може да стигне до најоддалечените делови на Европа за да може да уживате во удобноста на комплетен транспорт, дури и ако немате приватна пруга. Со овој метод се намалуваат вкупните емисии на CO2 до 60 проценти. За нас, највисоките еколошки стандарди се природна работа. Ова е причината зошто постојано ги обновуваме нашите камиони и сѐ повеќе и повеќе користиме возила во согласност со стандардот Еуро 5. Покрај тоа, потполно го искористуваме капацитетот на нашите возила со комбинирање на пратките во нашите центри. затоа што колку помалку вршиме превоз со празни камиони, толку помалку CO2 произведуваме.

Оди на производ
Производи

Авионски транспорт

Со глобална мрежа и напредни логистички решенија, услугите што ги нудиме во доменот на авионскиот транспорт овозможуваат сеопфатни решенија за сите потреби за воздушен транспорт на карго пратки. Можеме да ви ги пренесуваме карго пратките насекаде низ светот. Без разлика кое е одредиштето на стоките и каква е временската рамка, работата ни е да овозможиме деловните активности да се одвиваат непречено.

DB Schenker е водечки обезбедувач на авионски транспорт на пазарот со широко распространета мрежа низ целиот свет. Напредните, интегрирани услуги за превоз на товар што ги нудиме се гаранција дека товарот ќе ви биде транспортиран до одредиштето, каде било во светот.

Мрежата за авионски транспорт на DB Schenker покрива 700 места во 130 земји. Во однос на статистиката од досегашните достигнувања, нашиот тим има над милион тони успешно доставени карго пратки по воздушен пат. Всушност, ние сме силен партнер на повеќе од 700.000 клиенти – клиенти како вас.

Клиентите ги користат придобивките од изборот на првокласни авиони со одлични врски за транспорт и постојано следење на пратката. Без разлика дали ви е потребно пратката да биде доставена што поскоро или сакате да испратите голема карго пратка, имаме производи за аеротранспорт што се наменети да ви овозможат навремена достава по цена што е во рамките на буџетот со кој располагате. Без разлика какви се потребите и барањата што ги имате, нудиме голем избор на разни типови услуги.

Не прифаќајте ги универзалните решенија. Со DB Schenker, ќе имате избор на производи за товарен транспорт што ќе ви овозможат максимална флексибилност и ефикасност за сите потреби за аеротранспорт на карго пратки.

Уживајте во задоволството и смиреноста од работењето со еден од водечките аеротранспортери на товар во светот. Со широк спектар и голем избор на првокласни авиони, брзина на достава и достапни цени за воздушна достава, сега е полесно од кога и да било да ви ги координираме карго пратките и да овозможиме непречено движење на нештата.

Оди на производ
Производи

Океански транспорт

Со океанскиот транспорт на DB Schenker се испорачуваат повеќе од 5.500 контејнери на ден до пристаништата во целиот свет, што нѐ прави водечкиот шпедитер за пратките од океански транспорт. 

Во DB Schenker, производите за шпедиција на океански транспорт што ги нудиме ги олеснуваат глобалните односи на повеќе од 700.000 корисници во 130 земји. Каде и да треба да пристигнат пратките, иновативните решенија што ги нудиме се мост кон продажбата и пазарите за јавни набавки. Постојаните и сигурните пловидби се гаранција товарните пратки секогаш навремено да пристигнат до клиентите.

Со помош на услугите се испорачуваат повеќе од 5.500 контејнери на ден до пристаништата во целиот свет и затоа сме првиот избор за испораки со FCL и LCL. Исто така, ги нудиме најефективните решенија - комбинирајќи ги производите од авионски транспорт и од океански транспорт ви заштедуваме време и пари.

Опсегот на производот DB SCHENKERocean нуди различни услуги коишто ви ги задоволуваат потребите од окенаски транспорт во синџирот на снабдување. Секој производ е развиен да ви ги задоволи високите стандарди за сеопфатни и комплетни транспортни услуги и сите сродни дополнителни услуги.

Оди на производ
Производи

Договорна логистика

DB Schenker е еден од водечките и брзорастечките глобални обезбедувачи на логистички услуги. Со нашите иновативни решенија во индустријата и светските постојани првокласни дејности, ние сме и ќе бидеме прв избор на партнер во синџирот на снабдување за најдобрите компании на глобално ниво.

Управувањето со логистиката за синџирот на снабдување е сложен процес. Во DB Schenker, работиме како партнер за договорна логистика за компании на сите клучни пазари. Нашата глобална мрежа опфаќа повеќе од 750 локации во повеќе од 50 земји со вкупен простор за складирање од повеќе од 8 милиони метри квадратни.

Без оглед на индустријата во која работите, решенијата за договорна логистика што ги нудиме ја зголемуваат вредноста на процесот на управување со синџирот на снабдување. Ги опфаќаме сите фази на синџирот на снабдување - од доставувач до испорака до клиентот, од инверзна логистика до поддршка за пазарот за дополнителна опрема и резервни делови во различни индустрии.

Исто така, посветени сме на инвестирањето во иднината. Активно ги промовираме иновациите и дигитализацијата за денешните идеи да ги споиме со единствените способности на утрешнината.

Оди на производ

eSchenker: Лесно е

eSchenker е најнапредното логистичко решение досега. Ги вклучува сите е-услуги на еден портал, давајќи ви максимална поддршка во секоја фаза на синџирот на снабдување. Од следење и планирање до резервирање и известување, eSchenker ви ги задоволува потребите за логистика.

Следење

Алатката за следење eSchenker е лесна за користење и ви дава информации во реално време за локацијата и статусот на пратката и тековното проценето време на испорака. Доделувањето број за следење значи дека може да пристапите до детални податоци за испорака онлајн без да се најавите.

Технологијата за следење сега ни е надградена со уште подетален преглед и информации за статусот за сите пратки.

Над 100.000 тони

1/4

Приказна за успех

2/4

Приказна за успех

3/4

Проект за конвои:

4/4