Skip to content
Лого на DB Schenker


Two workers talking to each other in a warehouse

Connect4Collaboration

Живееме со вредностите на нашата компанија и ја славиме нашата компаниска култура и соработниците.

Исто така, се грижиме за животната средина, имаме високи стандарди за различностите и инклузијата и напредуваме во областите на иновации и дигитализација.

Заштитата на животната средина е значајна компонента од одржливоста. Ви нудиме неколку совети за вас и за вашиот тим!

  • Ако живеете блиску до работното место: одете на работа пеш или со велосипед. Ако живеете далеку, користете јавен превоз или поканете други лица да се возат со вас во вашето возило. Кога сите би се возеле заедно, по повеќе лица во едно возило, густината на сообраќајот би се намалила за 20%.
  • Исклучете ги уредите кога не ги користите: Исклучете го светлото во просториите што не се користат. Исклучете ги од штекер малите уреди и исклучете ги компјутерите ако никој не работи на нив.
  • Соработувајте со колегите за да научите како се прават садови за собирање на дождовница што може да се искористи како дополнување на водоснабдувањето на вашата канцеларија?
  • Замислете се за тоа колку отпад произведувате: Дали кафето за носење го купувате во чашите што ги нуди кафетеријата или си носите своја шолја? Дали користите пластичен прибој за јадење ако ви понудат?

СИТЕ имаме предрасуди што се видливи во начинот на кој размислуваме и се однесуваме со другите - дури и кога не ги забележуваме. Несвесните предрасуди се случуваат кога кон некого (или кон група луѓе) се однесуваме  различно врз основа на определени скриени стереотипи што можеби ги имаме за нив или некој што е сличен на нив, на пр., нивната култура, возраст, род.
Кога размислуваме за сопствените предрасуди, можеме да почнеме да го менуваме нашето однесување и да обезбедиме дека ќе се однесуваме кон другите членови на тимот на фер начин.

Како да ги надминеме нашите несвесни предрасуди:

1. Само-рефлексија

  • Размислете за тоа како се однесувате кон другите членови од тимот и идентификувајте ги случаите кога можеби сте изразиле некакви предрасуди кон некои од нив.
  • Прашајте ги колегите од тимот да ви кажат кога сте се однесувале кон нив со предрасуди и на нефер начин.

2. Учете

  • Издвојте време да научите нешто за различните култури, раси, вери и потеклото на колегите од тимот.
  • Прашајте ги соработниците да ви кажат нешто за обичаите и практиките што се поврзуваат со нивната култура.
  • Прославете ги празниците заедно со нив и честитајте им ги празниците на колегите.

3. Почитувајте

  • Однесувајте се кон луѓето на начин на кој тие сакаат некој да се однесува кон нив, а не на начин на кој вие сакате другите да се однесуваат кон вас.
  • Заеднички социјални активности и практики што се прифатливи за вас не мора да бидат прифатливи за сите.
  • Не раскажувајте навредливи вицови што можат да ги оттуѓат оние што се различни од вас - дури и ако се отсутни во тој момент.

4. Давајте повратни информации

  • Учествувајте во истражувањата за ангажманот на вработените и одговорете ги прашањата што е можно поотворено и поискрено.
  • Споделете со колегите/претпоставениот ако сметате дека не сте биле третирани на фер начин.
  • Бидете подготвени да ги сослушате мислењата на другите и да ги сослушате нивните грижи.

5. Прифаќајте на идеи

  • Побарајте да ги слушнете мислењата што се разликуваат од вашите ставови.
  • Поддржете ги колегите кога ги изнесуваат своите идеи.

6. Пријавете

  • Пријавете ги случаите на дискриминација и нефер третман („свиркачки“ информации).

Ние ги поместуваме границите. Со вас и со нашиот иновативен тим го подготвуваме ДБ Шенкер за иднината и ја помагаме работата на нашите колеги.

 


Дали имате ваши примери за соработка и тимска работа што би сакале да ги споделите со нас и со вашите колеги?

Контактирајте не


Назад кон прегледот