Skip to content
Лого на DB Schenker


Two workers talking in a warehouse

Магичната моќ на резилиентноста - како се развива и гради?

Резилиентноста (отпорноста) и добросостојбата се исто толку разновидни и широки колку и светот во кој живееме, па сепак, нашето ментално и емоционално здравје имаат најголемо влијание на нив. Сакаме да ја поддржиме вашата добросостојба - и на лично ниво и на работното место. Затоа собравме неколку совети и трикови што ќе ви помогнат во одржувањето на вашето ментално и емоционално здравје.

Емоционално здравје = способност да ги именуваме и да се справиме со сопствените емоции и да ги прифатиме емоциите на оние што не опкружуваат. Следат 3 совети на таа тема - снимете го ПДФ-от за повеќе совети, трикови и вежби!

  • Немојте да мислите дека поддршката од вашиот тим се подразбира - заблагодарете им се искрено и често, ама да не изгледа пренагласено и пренадуено.
  • Неочекуваните позитивни повратни информации („комплименти“) дефинитивно се додатен импулс на енергија - повеќе за оној што ги прима, но и за вас што ги давате = ве фокусираат на позитивното искуство/интеракција и предизвикуваат чувство на благодарност. Давајте комплименти!
  • Изразете ги фрустрациите и грижите и споделете ги со другите членови од тимот = тоа е дел од емоционалната хигиена. Сепак - после некое време застанете и прашајте „и покрај сево ова - што успеа да те насмее“ и/или „на што си благодарен“?

Снимете повеќе совети за подобро емоционално здравје

Ментално здравје = способност за авто-рефлексија, подготвеност да учите нови работи и да одржувате позитивна, отворена состојба на умот. Следат 3 совети - снимете го ПДФ-от за повеќе совети, трикови и вежби!

  • Потсетете се меѓусебно на тоа колку силни сте кога сте заедно, на заедничките придонеси и успеси - сите сте заедно во ова, како тим, и веќе сте постигнале многу и сте усвоиле и надминале многу работејќи заеднички.
  • Што поголемо и посложено изгледа некое прашање - толку попотребно е да го поставите во перспектива, да се прашате колку ќе биде тоа прашање важно за 3 часа - 3 дена - 3 недели - 3 години од сега. Многу „џинови“ се претвораат во она ште навистина се - џуџиња...
  • Научете да си поставите ментални „стоп“ знаци за да избегнете да паднете во спирала на негативно размислување - сопрете ги и другите членови на вашиот тим да паднат жртви на негативната спирала.

Снимете повеќе совети за подобро ментално здравје

Имате ли примери или прашања за резилиентноста што би сакале да ги споделите со нас и со другите членови на вашиот тим?

Контактирајте не


Прочитајте повеќе за Онбординг

Назад кон преглед