Skip to content
Лого на DB Schenker


Принципи на заштита на податоците на dbschenker.com/mk

Заштитата на вашите лични податоци е исто толку важна за нас колку што е важна за вас.

Поради тоа, на оваа страница ве информираме за тоа кои податоци ги собираме, зошто ни се потребни тие податоци и како можете да го оспорите собирањето на податоците.

Schenker AG е субјектот што е одговорен за собирањето и обработката на вашите податоци. Одговорно лице за заштита на податоците е г-дин Маик Герке (Maik Goehrke). Доколку имате некакви прашања, предлози и сугестии и/или критики поврзани со заштитата на податоците, ве молиме да не контактирате на адреса:

Schenker AG
Maik Goehrke
Kruppstraße 4 
45128 Essen


dataprotection@dbschenker.com

Собирањето и обработката на податоците, во сите случаи, има специфична намена. Намената може да произлегува од технички потреби, договорни барања и обврски, или по изрично барање на потрошувачите.Од технички причини, одредени податоци може да се собираат и чуваат за време на посетата на dbschenker.com. Такви податоци, на пример, се датумот и времетраењето  на посетата, кои веб-страници се користени, податоците за идентификација на прегледувачот и видот на користениот оперативен систем, како и интернет-страната преку која сте не посетиле.

Ако се регистрирате за добивање на некој од нашите билтени, ги собираме следните потребни информации: титулирањето, името, презимето, е-маил адресата, индустријата во која работите.
Во такви случаи, можеби ќе ја искористиме вашата е-маил адреса за промотивни цели.

Ако се пријавите за добивање на нашиот билтен „logistics NewsFeed“, ја зачувуваме ИП адресата на компјутерскиот систем што ви ја доделил вашиот давател на интернет услуги (ISP), како и датумот и точното време на регистрацијата. Тие податоци ги чуваме за да можеме да следиме (можни) злоупотреби на е-маил адресата на носителот на податоците, а за наша правна заштита.Можете да ја откажете регистрацијата за билтенот во секој момент, преку опцијата unsubscribe "logistics NewsFeed" или со кликнување на линкот за откажување на регистрацијата на крајот од билтенот.
Ако не сакате вашите податоци да бидат користени во промотивни цели, тие ќе бидат анонимизирани и ќе се користат само за статистичка анализа.

За континуирано унапредување на нашата понуда, ги чуваме и анализирамо податоците од онлајн доменот на основа на „псевдонимизираност“ (давање на лажен индентитет). Законската основа за таквиот приод ја нуди Член 6(1)(f) од ГДПР.

Доколку бараме ваша согласност за обработка на вашите лични податоци, таа согласност, според Член 6(1)(а) од ГДПР, ја обезбедува правната основа за обработката на податоците.

Кога обработката на личните податоци бара со вас да склучиме писмен договор, тој договор, според Член 6(1)(а) од ГДПР, ја обезбедува правната основа за обработката на податоците. Членот 6(1)(b) од ГДПР се применува и на обработката на податоци што бара примена на прелиминарни мерки, на пример, ако сте поставиле прашање во врска со производите и услугите што ги нудиме.

Ако нашата компанија подлежи на законски обврски што од нас бараат да обработуваме лични податоци, на пример, за исполнување на даночните обврски, таквата обработка се заснова на одредбите од Член 6(1)(c) од ГДПР.

Со кликнување на линк до надворешна интернет страна, излегувате од интернет-страниците на dbschenker.com. Тоа значи дека Schenker AG не одговара за содржината, услугите или производите што се нудат на линкуваната интернет-страна, како и за приватноста и техничката безбедност на линкуваната интернет-страна.

Вашите податоци ќе бидат избришани веднаш штом ќе престанат да бидат потребни за намената за која биле собрани (на пр. во рамките на договорни односи). Вашите податоци, исто така, мора да бидат избришани ако нивното складирање не е дозволено (особено ако податоците се неточни а не е можно да бидат корегирани). Во случаи кога бришењето е спречено од правни или практични причини, податоците се блокираат (на пр., посебни обврски за архивирање).

Преносот на податоци и електронска пошта преку интернет генерално е нешифриран, што значи дека не е заштитен од пристап од трети лица. Ако не контактирате преку електронска пошта, доверливоста на податоците за време на преносот не може да биде гарантирана; затоа препорачуваме да ги испраќате доверливите информации исклучиво по физичка пошта.

  • Можете да побарате информации за тоа кои податоци за вас се чуваат.
  • Можете да побарате исправка, бришење или ограничување на обработката (блокирање) на вашите лични податоци се додека тоа е законски дозволено и можно во рамките на постоечките договорни односи
  • Имате право на жалба пред надзорно тело. Надлежното надзорно тело за Schenker AG е Државната комисија за заштита на податоци на Северна Рајна-Вестфалија, со адреса: Landesbeauftragte für den Datenschutz Nordrhein-Westfalen  Kavalleriestrasse 2-4, 40213 Duesseldorf 
    poststelle@ldi.nrw.de
  • Имате право на пренос на податоците што сте ни ги дале на основа на претходна согласност или договор (преносливост на податоци).
  • Дадената согласност за обработка на податоците можете да ја повлечете во секој момент, на истиот начин на кој таквата согласност е дадена. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката што настапила врз основа на дадената согласност до моментот на нејзиното повлекување.
  • За остварување на вашите права, испратете е-маил на адреса:dataprotection@dbschenker.com


За извршување на договорот вообичаено е потребно да се активираат субјектите задолжени за обработка што зависат од дадени упатства, како што се оператери на дата-центри, провајдери на печатачки или превознички услуги или други страни вклучени во извршувањето на договорот.

Надворешните даватели на услуги што ги обработуваат податоците за нас се внимателно одбрани и подлежат на строги договорни обврски. Давателите на услуги работат во согласност со нашите упатства, што се обезбедува со строги договорни правила, технички и организациски мерки, и дополнителни контроли.

Понатаму, вашите податоци ќе бидат пренесувани само ако претходно сте дале изрична согласност, или за остварување на законска обврска.

Преносот во трети земји надвор од ЕУ/ЕЕО или на меѓународни организации нема да биде можен освен ако претходно не се обезбедат соодветни гаранции. Таквите гаранции ги вклучуваат стандардните договорни клаузули на ЕУ и одлука за нивната соодветност на Европската Комисија.

Ви нудиме можност да донесете одлука дали да дозволите користење на колачиња или не на основа на добри информации, освен ако колачињата не се неопходни за техничкото функционирање на интернет страната.

Колачињата се мали текстуални папки кои чуваат лични податоци.Изјавата за заштита на податоците има за цел да обезбеди дека ќе бидете потполно свесни за собирањето и обработката на податоците, дури и тоа каде нашите интернет страници користат колачиња, и дека ќе можете да донесете соодветна одлука врз основа на вистинските информации.

Поради тоа, овде ви нудиме информации за видот и обемот на планираното користење на колачиња на нашите интернет страници.Генерално, интернет страната dbschenker.com/global може да се користи без колачиња, освен ако тие служат на некаква техничка цел.

Можете да спречите да бидете следени од колачиња со промена на поставките на вашиот прегледувач или да спречите снимање на колачиња на трети страни. Поставките на различните прегледувачи можете да ги промените на следните локации:


Google Chrome

http://www.google.com/support/chrome/bin/answer.py?hl=en&answer=95647

Google Browser-Add-on (додаток за прегледувачи)

https://tools.google.com/dlpage/gaoptout/

Internet Explorer

https://support.microsoft.com/en-us/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies

Mozilla Firefox

https://support.mozilla.com/en-US/kb/cookies-information-websites-store-on-your-computer

Додатоци за приватност и безбедност на Mozilla Firefox

https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/extensions/privacy-security/

Mozilla Firefox Do-not-track

https://support.mozilla.org/en-US/kb/how-do-i-turn-do-not-track-feature

Opera

http://help.opera.com/Linux/12.10/en/cookies.html#prefs

Safari

https://support.apple.com/en-gb/guide/safari/manage-cookies-and-website-data-sfri11471/mac


Препорачуваме и редовна проверка и бришење на снимените колачиња, освен ако за некое од нив самите не сте одлучиле дека ви е потребно.

Ние користиме колачиња што се активни од почетокот на вашата посета на нашата интернет страница до крајот на таа сесија на користење на прегледувачот. Тие колачиња автоматски стануваат невалидни и се бришат во моментот кога ќе го затворите интернет-прегледувачот. Таквите колачиња се познати и како „сесиски колачиња“ (session cookies). Сесиските колачиња се користат во следните случаи:

  • Колачето го идентификува корисникот во посета на интернет страната за целото траење на активната сесија.
  • Колачето обезбедува дека, откако ќе се избере јазикот на сесијата, тој ќе се задржи и ќе се применува во целиот тек на активната сесија, и тој јазик продолжува да се користи кога корисникот преминува од една страница на друга.
  • Колачето служи за безбедност на податоците и спречува манипулирање, пристапување, и пренос на податоците и содржините до други системи од страна на трети страни.

Име

Функција

Време на чување

_pk_ses.15.dd94

Ги зачувува информациите за корисничката сесија

Се додека е активна сесијата, максимум 10 часа

_pk_id.15.dd94

Го идентификува корисникот и ги следи аналитичките податоци (анонимизирано)

13 месеци

_ga

Се употребува за да разликува еден корисник од друг

2 години

_gid

Се употребува за да разликува еден корисник од друг

24 часа

_gat

Се употребува за контрола на протокот на барања

60 секунди

DSID

Колаче за рекламирање на Гугл што се употребува за следење на корисниците и за потребите на таргетирано рекламирање

Додека трае сесијата

IDE

Овие колачиња ги креира апликацијата Google DoubleClick и се употребуваат за прикажување на персонализирани реклами врз основа на претходните посети на нашата интернет страна.

18 месеци

fr

Шифрирани идентификации за Фејсбук (Facebook ID) и прегледувачот (Browser ID)

3 месеци

wd

Колаче на Фејсбук за подобрување на перформансите (големина на приказот – display)

7 дена

reg_fb_gate

Адресата (URL) на последната насловна страна на Фејсбук

Додека трае сесијата

reg_fb_ref

Адресата (URL) на последната посетена страна на Фејсбук

Додека трае сесијата

reg_ext_refU

Колаче на Фејсбук (ако) има адреса на надворешна референтна интернет страна

Додека трае сесијата

datr

Колаче на Фејсбук, идентификација на прегледувачот и ознака за точно време

2 години

dpr

Колаче на Фејсбук

pl

Колаче на Фејсбук Да/Не

90 дена

presence

Колаче на Фејсбук статус на „чет“

Додека трае сесијата

sb

Колаче на Фејсбук, идентификација на прегледувачот и ознака за точно време

Колаче на Фејсбук за спин сесија

2 години

xs

Колаче на Фејсбук Идентификација на сесијата (Session ID)

90 дена

L1c

Колаче за идентификација на прегледувачот

Тековна сесија

BizoID

Аналитика на реклами на ЛинкдИн (LinkedIn)

6 месеци

BizoData

Аналитика на реклами на ЛинкдИн

6 месеци

BizoUserMatchHistory

Аналитика на реклами на ЛинкдИн

6 месеци

BizoNetwork

PartnerIndex

Аналитика на реклами на ЛинкдИн

6 месеци

_guid

Следење на користењето на Елоква (Eloqua)

13 месеци

bcookie

Колаче за идентификација на прегледувачот на ЛинкдИн

1 година

jobs_hru

Колаче за идентификација на прегледувачот на ЛинкдИн

lang

Колаче за идентификација на прегледувачот на ЛинкдИн

li_oatml

Колаче за идентификација на прегледувачот на ЛинкдИн

liap

Колаче за идентификација на прегледувачот на ЛинкдИн

lidc

Колаче за избор на патеката (routing) на ЛинкдИн

1 ден

org_tcphc

Колаче за избор на патеката (routing) на ЛинкдИн

sdsc

Колаче за избор на патеката (routing) на ЛинкдИн

spectroscopyI

Колаче за избор на патеката на ЛинкдИн

1P_JAR

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

1 ден

OGPC

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

60 дена

NID

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

6 месеци

SSID

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

2 години

SAPSID

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

2 години

APISID

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

2 години

HSID

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

2 години

SIDCC

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

2 години

DSID

Колаче на Гугл. Овие колачиња се употребуваат за собирање на статистиките на интернет страната и следење на стапките на конверзија.

2 години

UET

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

MUID

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

NAP

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

PPLState

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

SRCHD

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

SRCHUID

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

SRCHUSR

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

WLID

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

WLS

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

_EDGE_S

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

{0_SS<}0{>>_SS<}98{>_SS<0}<0}

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

_U

Колаче што ги следи интеракциите на интернет страната кога некој ќе кликне на реклама на Бинг (bing ad)

13 месеци

Оваа интернет страна користи Адоуб Аналитикс (Adobe Analytics), услуга за анализи на интернет на Adobe Systems Software Ireland Limited (адреса: Adobe Systems Software Ireland Limited, 4-6 Riverwalk, Citywest Business Campus, Dublin 24, Republic of Ireland). Со користењето на оваа аналитичка услуга, сакаме да обезбедиме дека нашата интернет страна е дизајнирана за да може да одговори на барањата и нејзина континуирана оптимизација. Аналитичките услуги ги користиме во подготовката на статистиките за користењето на нашата интернет страница, што потоа ги оценуваме за да можеме да ги оптимизираме содржините што ги нудиме.


Adobe Analytics користи колачиња со животен век од 24 месеци. Тие се чуваат на уредите што ги користат крајните корисници и ни овозможуваат анализа на начинот на кој ја користите интернет страната.


Информациите што ги генерира колачето се пренесуваат и се чуваат на сервер на Adobe физички лоциран во Европската Унија. Претходно, поради тоа што оваа интернет страна ја активира процедурата за анонимизација на вашата IP адреса, IP адресата е скратена. Adobe ги користи тие информации за да оцени, за наши потреби, како ја користите интернет страната, за подготовка на извештаи за активноста на интернет страната, и за давање на дополнителни услуги поврзани со користењето на интернет страната и на интернет воопшто што ни се потребни. Тоа ни овозможува да процениме колку често се читаат различни секции и текстови на интернет страната, како и дали дизајнот на интернет страната влијае на начинот на кој таа се користи. Добиените статистики ни овозможуваат да ја подобриме содржината и да ја направиме поинтересна за вас како корисник на интернет страната.


Adobe ни ги доставува тие информации исклучиво како збирни податоци што го прикажуваат користењето на интернет страната. Информациите не содржат лични содржини или податоци и не можат да се следат наназад до индивидуални лица.


Давателите на услуги што ги користиме се договорно обврзани да ракуваат со вашите податоци во согласност со барањата за заштита на приватноста.


Законската основа за користењето на Adobe Analytics ја дава Член 6(1)(f) од ГДПР.


Вие можете да се изземете од создавањето на ваш псевдонимизиран кориснички профил во секој момент. Постојат неколку начини да го сторите тоа:

1.) Можете да се изземете од опцијата за користење на Adobe Analytics со кликнување на следниот линк за да го поставите колачето за деактивирање во вашиот прегледувач:

Кликнете овдe за да се изземете од користењето на Adobe Analytics

2.) Можете да го спречите и чувањето на колачињата што се користат за создавање профили со соодветно прилагодување на поставките на вашиот прегледувач.


Внимание: Ако ги избришете колачињата од вашиот уред, и колачето за изземање ќе биде избришано што значи дека ќе треба да го реактивирате изземањето.

Нашата интернет страница ги користи услугите на сервисот за анализи Matomo (Матомо). Мали текстуални документи (колачиња) чуваат податоци за тоа како ја користите нашата интернет страна, вклучувајќи ја и вашата IP адреса. Податоците ги анонимизираме и ги складираме. Ако не сакате да дадете согласност за анализирање на начинот на кој ја користите нашата интернет страна, можете да ги промените поставките на вашиот прегледувач за да спречите користење на колачињата во секој момент. Сепак, во таков случај може да се случи да не можете да ги користите сите функции на интернет страната.


dbschenker.com интегрира компоненти од Oracle Eloqua / Oracle Marketing Cloud („маркетиншски облак“ на Eloqua, во натамошниот текст "Eloqua") на интернет страната. Eloqua ја поврзува релевантната содржина на интернет страната со податоците од заинтересираните страни, потрошувачите и нивните профили, за да им овозможи на операторите на интернет страната да им се обратат на заинтересираните страни и на потрошувачите на поефективен и ефикасен начин. Целта на Eloqua е да ја зголеми стапката на премин на заинтересираните страни во потрошувачи и на тој начин да го зголеми обртот на операторот на интернет страната.

Со Eloqua управува корпорацијата Оракл (Oracle Corporation, 10 Van de Graaff Drive, Burlington, MA 01803, USA).

Eloqua поставува колаче во информатичките системи на носителот на податоци. Eloqua, во име на dbschenker.com, ќе ги користи податоците и информациите собрани преку нашата интернет страна за оценка на корисничкото однесување на носителот на податоци што ја користел нашата интернет страна. Освен тоа, Eloqua ги користи податоците за да подготви извештаи за активноста на корисникот, како и за други услуги за нашата компанија поврзани со користењето на нашата интернет страна.

Корисниците можат да го спречат поставувањето на колачиња преку нашата интернет страна, како што е прикажано погоре, во секој момент, преку соодветните поставки на интернет прегледувачот што го користат и на тој начин трајно да го спречат поставувањето на колачиња.  Таквите поставки на интернет прегледувачот ќе го спречат и Oracle да постави колаче на информатичкиот систем што го користи засегнатото лице. Освен тоа, колачињата претходно поставени од Oracle можат да бидат избришани во секој момент со помош на интернет прегледувачот или други софтверски програми. За спречување на поставувањето колачиња посетете го следниот линк: https://www.oracle.com/de/marketingcloud/opt-status.html

Интернет страната dbschenker.com содржи интегрирани Google Maps (Гугл мапи). Ако ја дадете вашата согласност, освен податоците за логирањето, вашата IP адреса ќе биде испратена до централата на компанијата Гугл (Google Inc. 1600 Amphitheater Parkway, Mountain View, CA 94043, USA).
Релевантните политики на приватност можете да ги пронајдете на адресата https://www.google.com/intl/en_policies/privacy/.

На страната https://policies.google.com/technologies/product-privacy?hl=en&gl=en можете да ги внесете поставките за вашата приватност.

1) Кој е одговорниот субјект за собирање и обработка на податоците?

Schenker AG е субјектот што е одговорен за обработката на вашите податоци. Одговорно лице за заштита на податоците е г-дин Маик Герке. Доколку имате некакви прашања, предлози и сугестии и/или критика поврзани со заштитата на податоците, ве молиме да не контактирате на адреса:

Schenker AG
Maik Goehrke
Kruppstraße 4
45128 Essen

dataprotection@dbschenker.com

2) Кои податоци ги собираме и зошто ги обработуваме тие податоци?

Фан страни на социјалните медиумиМожете да не пронајдете на повеќе социјални медиуми, со дизајн што го користат соодветните социјални медиуми. На тој начин сакаме да ви обезбедиме широка, мултимедиска понуда и да разменуваме идеи со вас за прашања и теми што се важни за вас. Освен соодветниот оператор на социјалната мрежа, и ние собираме и обработуваме лични податоци на корисниците од фан страните. Оваа изјава укажува кои информации за вас ги собираме на нашите страни на социјалните медиуми, како ги користиме, и како можете да го оспорите нашето користење на вашите податоци. Соодветните цели на обработката на податоците со категориите на податоци се достапни во соодветната понуда, како што е опишано подолу во повеќе детали. Активностите што ги спроведуваме на социјалните медиуми, опишани подолу, за засновани на рамнотежата на интереси според Член 6, став 1, точка f) од ГДПР.

А) Фејсбук

На каналот на DB Schenker Group, ја претставуваме нашата компанија на Фејсбук. Ако ја посетите нашата фан страна, Фејсбук (адреса: Facebook Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbor, D2 Dublin, Ireland) ги собира, складира и  обработува вашите лични информации во согласност со нивната политика за приватност. Политиката за приватност можете да ја пронајдете овдe

Дополнително, ние вршиме ограничена обработка на личните податоци.
За потребите на дизајнот ориентиран на потребите и континуираната оптимизација на нашите страници, ја користиме статистичката услуга Facebook Insights. Таа услуга ги бележи вашите активности на нашата страна и ни ги доставува како анонимизирани статистики. Тоа ни дава увид, меѓу другото, во активностите на посетителите на нашата фан страна, кликовите на нашата страна, опсегот на постовите, кликовите и просечната должина на гледање на видеата, информации од кои држави и градови доаѓаат нашите посетители, како и статистики за родовите односи на нашите посетители.

Администраторот не може да пристапи до заклучоците за индивидуалните корисници и индивидуални кориснички профили.

За повеќе информации за Facebook Insights видете овдe.

Што се однесува до обработката на податоците од Insights, ја делиме одговорноста со Фејсбук. Повеќе детали имате во Анексот за заедничка контрола, достапен овдe.

Фејсбук Ирска (Facebook Ireland) им обезбедува на засегнатите лица додаток кој ја содржи суштината на прегледите на страната.
Освен тоа, ние ги чуваме корисничките имиња и коментарите што биле избришани поради непочитување на правилата за пристојност на интернет – „нетикета“. Таквите коментари се следат само ако се потребни како доказ во судски спор, до моментот на застарување на случајот.
Понатаму, не чуваме и не обработуваме ваши лични податоци, со исклучок на онлајн натпревари или наградни игри. Во случај на онлајн натпревар, добитниците ќе бидат јавно означени со нивното корисничко име и ќе бидат замолени да се контактираат меѓу себе во рок од 14 дена, преку електронска пошта. Добитниците мора да ги достават своето име и адреса за да можеме да им ја доставиме наградата. Таквите податоци ги обработуваме исклучиво за потребите на обработката на онлајн наградната игра. За сите онлајн натпревари важат соодветните услови и критериуми за учество. Е-маил пораките со адресите на учесниците секогаш се бришат по истекот на 30 денови, освен ако не ни се потребни и по истекот на тој период за да можеме да ги известиме добитниците.

Б) Инстаграм

Најубавите фотографии од медиумската библиотека се поставуваат на каналот на DB Schenker, за да им го прикажеме на корисниците работата на различните деловни единици. Фокусот е на екологијата и одржливоста, иновациите и технологијата, како и на јакнењето на брендот на работодавачот, со фокус на сите области во кои работиме. На сличен начин се објавуваат и содржини од други медиуми.

Ако ја посетите нашата фан страна, Инстаграм (адреса: Instagram, 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbor, D2 Dublin, Ireland) како давател на услугата ги собира, складира и обработува вашите лични информации во согласност со Политиката за приватност на Инстаграм. Политиката за приватност можете да ја пронајдете here.
Дополнително, и ние вршиме ограничена обработка на личните податоци.

За потребите на дизајнот ориентиран на потребите и континуираната оптимизација на нашите страници, ја користиме статистичката услуга Instagram Insights. Таа услуга ги бележи вашите активности на нашата страна и ни ги доставува како анонимизирани статистики. Тоа ни дава увид во интеракциите на посетителите на нашата фан страна, кликовите на нашата страна, дофатот на постовите, информации за активностите на нашите следбеници, информации од кои држави и градови доаѓаат нашите посетители, како и статистики за родовите односи на нашите посетители. Администраторот не може да пристапи до заклучоците за индивидуалните корисници и индивидуални кориснички профили.

Освен тоа, ние ги чуваме корисничките имиња и коментарите што биле избришани поради непочитување на правилата за пристојност на интернет – „нетикета“. Таквите коментари се следат само ако се потребни како доказ во судски спор, до моментот на застарување на случајот.
{0>In addition, we do not store and process personal data about you, with the exception of an online competition and Fan posts.<}94{>Понатаму, не чуваме и не

обработуваме ваши лични податоци, со исклучок на онлајн натпревари и постовите од фанови (Fan posts).<0} Во онлајн натпреварите, победниците ќе бидат јавно означени со нивното корисничко име и ќе бидат замолени да се контактираат меѓу себе во рок од 14 дена, преку електронска пошта. Добитниците мора да ги достават своето име и адреса за да можеме да им ја доставиме наградата. Таквите податоци ги обработуваме исклучиво за потребите на обработката на онлајн наградната игра. За сите онлајн натпревари важат соодветните услови и критериуми за учество. Е-маил пораките со адресите на учесниците секогаш се бришат по истекот на 30 денови, освен ако не ни се потребни и по истекот на тој период за да можеме да ги известиме добитниците.

Од корисниците бараме - откако претходно сме побарале, јавно и без обврски – дозвола да ги реобјавиме нивните фотографии на Инстаграм каналот на DB Schenker. Изјавата за согласност ја складираме како „скриншот“, во папка што ги содржи податоците за корисникот. Фотографиите и формуларот за согласност се чуваат онолку долго колку што фотографијата е поставена на каналот, или до повлекување на согласноста. Преобјавената фотографија се чува на серверите на Инстаграм од технички причини [Facebook Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbor, D2 Dublin, Ireland]. Повлекувањето е можно во секој момент (види подолу за повеќе детали). Во случај на откажување, сликата и податоците за корисникот веднаш се бришат.

В) Twitter

Каналот на Twitter @DBSchenker го користиме за настани, односи со медиумите и со јавноста за сите теми поврзани со нашата компанија.
Ако ја посетите нашата фан страна, Twitter Inc., 1355 Market Street, Suite 900, San Francisco, CA 94103, USA како оператор на личните информации на Twitter, ги собира, складира и обработува вашите лични информации, на начин опишан во Политиката за приватност.

Политиката за приватност можете да ја пронајдете here.

Освен горенаведеното, не чуваме и не обработуваме информации што можат да ве идентификуваат. Само во случај да ни испратите директна порака ќе биде зачувано корисничкото име.

Дополнително, ги чуваме корисничките имиња и коментарите што биле избришани поради непочитување на правилата за пристојност на интернет – „нетикета“. Таквите коментари се следат само ако се потребни како доказ во судски спор, до моментот на застарување на случајот.

3) Дали податоците се откриваат на трети лица?

За обезбедување на нашата понуда вообичаено е потребно ангажирање на субјекти задолжени за обработка што зависат од дадени упатства, како што се оператори на дата-центри, даватели на печатачки или превознички услуги или други страни.
Надворешните даватели на услуги што ги обработуваат податоците за нас се внимателно одбрани и строго ограничени со договорни обврски. Давателите на услуги работат во согласност со нашите упатства, што се обезбедува со строги договорни правила, технички и организациски мерки, и дополнителни контроли.
Понатаму, вашите податоци ќе бидат пренесувани само ако претходно сте дале изрична согласност, или како резултат на законска обврска.
Посочуваме дека, при обработката преку Facebook, Instagram и Twitter, податоците на корисниците можеби ќе бидат обработувани надвор од територијата на Европската Унија. Тоа може да резултира во настапување на ризик за корисниците затоа што заштитата на корисничките права може да биде отежната.  За повеќе детали, проверете ги политиките за приватност на Facebook, Instagram и Twitter. Што се однесува до давателите на услуги од САД, сертифицирани во рамките на програмата „Штит за приватност“ (Privacy Shield), напоменуваме дека тие се посветени на почитувањето на стандартите за приватност на ЕУ.
Ние не пренесуваме податоци во трети земји надвор од ЕУ/ЕЕО или на меѓународни организации, освен ако претходно не се обезбедат соодветни заштитни мерки. Таквите мерки ги вклучуваат стандардните договорни клаузули на ЕУ и одлука за соодветност од Европската Комисија.

4) Кога ќе бидат избришани вешите податоци?

Кога собираме лични податоци од вас, ги чуваме само онолку време колку што е потребно да се оствари целта за која биле собрани (на пр. во контекст на договорни односи) или ако таква обврска е предвидена со закон. Оттаму, ние ги чуваме вашите податоци во рамките на договорен однос, барем до целосно завршување на договорот. Следствено, податоците ќе бидат чувани до истекот на законски предвидениот период на зачувување.

5) Какви права имаат корисниците?

  • Можете да побарате информации за тоа кои податоци за вас се чуваат.
  • Можете да побарате исправка, бришење или ограничување на обработката (блокирање) на вашите лични податоци се додека тоа е законски дозволено и можно во рамките на постоечките договорни односи
  • Имате право на жалба до надзорно тело. Надзорното тело за надзор на Schenker AG e: Државната комисија за заштита на податоци на Северна Рајна-Вестфалија (Landesbeauftragte für den Datenschutz Nordrhein-Westfalen, адреса: Kavalleriestrasse 2-4, 402013 Duesseldorf
  • poststelle@ldi.nrw.de
  • Имате право на пренос на податоците што сте ни ги дале на основа на претходна согласноси или договор (преносливост на податоци).
  • Дадената согласност за обработка на податоците можете да ја повлечете во секој момент, на истиот начин на кој таквата согласност е дадена. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката што настапила врз основа на дадената согласност до моментот на нејзиното повлекување.
  • Можете да ја оспорите обработката на податоците заради причини што произлегуваат од специфичната ситуација во која се наоѓате, ако обработката на податоците се заснова на наши легитимни интереси.
  • Можете да ја оспорите нашата политика на рекламирање во секој момент, што ќе важи за секое идно однесување (оспорување на рекламирање).

За остварување на вашите права, испратете е-маил на адреса:dataprotection@dbschenker.com


Што се однесува до обработката на податоци на социјалните мрежи, препорачуваме да одговорите на барањата како што се: За барања за информации или други прашања поврзани со правата на корисниците, да се обратите директно до соодветната социјална мрежа со барање за откажување, бидејќи само Facebook, Instagram и Twitter имаат целосен пристап до вашите кориснички податоци. Ако не сакате да обработката на податоците опишана овде да продолжи во иднина, со користење на функциите „Оваа страна не ми се допаѓа повеќе“ ("I do not like this page anymore“) и/или „Откажете ја претплатата на оваа страна“ („Unsubscribe from this page“) можете да го деблокирате вашиот кориснички профил од нашата интернет страна.

Што се однесува до обработката на личните податоци преку услугата „Insights“ што ја нуди Facebook, примарната одговорност ја прифаќа Facebook. Тоа се однесува на обработката на податоците од Insights и на примената на правата на носителот на податоците. Поради тоа треба да го контактирате Facebook директно во врска со сите обврски што произлегуваат од ГЦПР и се однесуваат на обработката на податоците од Insight. Сите такви барања што сте ги испратиле до нас ќе ги проследиме до Facebook.

6) Нови функции, ажурирање на Политиката за приватност

Ние ја прилагодуваме нашата политика за приватност во согласност со променетите функционалности или правни состојби. Поради тоа, ви препорачуваме да ја препрочитате политиката за приватност во редовни интервали. Ако е потребна ваша согласност, или ако делови од политиката за приватност содржат одредби од договорниот однос што го имаме со вас, промените ќе се прават само со ваша претходно дадена согласност.

Ажурирано: 29.10.2021