Skip to content
Лого на DB Schenker


Contract Logistics Warehouse

Производна логистика

Од набавка до процеси на производство, со услугите за производна логистика на DB Schenker може да ги намалите трошоците и да ги оптимизирате процесите.

DB Schenker е лидер во индустријата за логистика. Имаме искуство и експертиза за да го оптимизираме синџирот на снабдување од фазата на набавка до реалните производствени активности. 

Без разлика дали ви е потребна поголема контрола и видливост на снабдувањето со производи или сакате да ја оптимизирате последователната испорака од трети лица, нашите логистички решенија за набавка и производство може да ви помогнат.

Производната логистика на DB Schenker ја пополнува празнината меѓу активностите на доставувачите и локациите за производство на компанијата. Се справуваме со консолидирање на материјали на доставувачот во близина на местата на снабдување со користење на нашата сопствена, или по ваш избор, мрежа на експерти за меѓународен транспорт. Ќе ги намалите трошоците за логистика. затоа што ги намалуваме безбедносните складишта, временските циклуси и вишокот залихи. Благодарение на нас доставувачите се чувствуваат како да се во соседството. 

Производната логистика ги опфаќа сите активности поврзани со снабдувањето производни функции - од пакување комплети со избрани компоненти, до навремена и последователна испорака. Се фокусираме на рационализирање на синџирот на снабдување - обезбедување на точното количество на материјали за навремено производство. Со користење на најновите техники и технологии, управуваме со сите аспекти на снабдување за производните функции.

Нашите услуги за производна логистика:

  • Консолидација на материјал на местото на поаѓање
  • Управување со нарачките
  • Дојдовен транспорт
  • VMI (Систем за управување со залихи на купувачи од страна на доставувачот) услуги
  • Решенија за паркинг на доставувачот
  • Увид на трети лица
  • Одредување на редоследот на нарачките
  • Обезбедување квалитет
  • Подготвување комплети со избрани компоненти и претпроизводство
  • Услуги за распакување/пакување

Предности

  • Намалени трошоци за логистика: Избегнување брзи пратки и недоволно/вишок залихи
  • Рационализирана набавка: Добијте контрола и транспарентност со последователен, побрз проток на влезни стоки
  • Податоци во реално време: Погледнете го нивото на инвентар во реално време за да донесувате паметни одлуки во врска со повторна нарачка
  • Намалете ги трошоците за дистрибуција: Нашите услуги со додадена вредност и услуги за контрола/обезбедување на квалитет ќе ви овозможат да го намалите ризикот на испорака на несоодветна стока.
  • Вршиме надзор на производството со ангажирање на надворешни соработници:  Управувајте со производството и протокот на стоки со навремени испораки

Сродни производи

Договорна логистика

Комплетна логистика

Подобрете ја последната милја на синџирот на снабдување со услугите за комплетна логистика на DB Schenker. Имајте навремени испораки и среќни клиенти. 

Последната етапа во синџирот на снабдување е често најважната, со оглед на тоа што е еден од последните чекори пред производот да пристигне до клиентите. Благодарение на комплетната логистика на DB Schenker завршниот дел од синџирот на снабдување станува најдобар. Од обезбедувањето навремена испорака на нарачките до грижата за инвентарот во безбедна и сигурна средина, тука сме да ја олесниме реализацијата.

Нашите комплетни услуги опфаќаат: 

  • Спроведување и функционирање на излезни складишта на производители, регионални/национални центри за дистрибуција во специјализирана или заедничка средина, претовар/спојување во транзитни центри
  • Испорака на полупроизводи и готови производи до складиште за дистрибуција
  • Ракување со складиште и складирање, вклучувајќи услуги за одлагање
  • Отповикување на нарачки на производ, управување со налози за нарачка/налози за испорака
  • Координација на испораките на клиентите, малопродажните, комерцијалните канали и клиентите
  • Управување со инвентар, видливост, следење и планирање 

Меѓутоа, како глобален лидер во логистиката, не само што ја вршиме реализацијата, туку и изготвуваме стратегија. 

Ќе ви помогнеме да ја најдете најдобрата локација за објектите за дистрибуција. Ќе ги оптимизираме овие објекти за непречена дистрибуција. Со користење разни алатки за складирање и управување со работна сила, ќе креираме едноставно до целосно автоматизирано складиште за еден или повеќе клиенти и ќе одлучиме кои се најсоодветните персонал и оперативни процеси за управување со дојдовен и излезен проток на производи - испораките секогаш ќе пристигнат навреме. 

Исто така, нудиме услуги со додадена вредност за да се погрижиме дека процесот на реализација е најдобар. Еве само неколку од процесите коишто цело време ќе функционираат ефикасно:

  • Обележување и сортирање
  • Спојување во транзит
  • Локализација 
  • Тестирање/обезбедување квалитет
  • Гравирање
  • Заедничко пакување
  • Подготвување комплети со избрани компоненти/групирање
  • Повторно пакување
Оди на производ

Решенија поврзани со индустријата

Индустриски решенија

Логистички решенија за здравството и фармацијата

Сигурната испорака на здравствени производи може да спаси живот. Тоа е причината зошто развивме решенија за синџирот на снабдување со вас за да се погрижиме дека производите чија испорака во голема мера зависи од навремената достава и температурата безбедно ќе пристигнат до своето одредиште. Го обезбедуваме интегритетот на осетливите стоки преку посебен третман и услуги на следење.

Компаниите од здравствениот сектор се соочуваат со средина којашто постојано се менува. Со иновативните и интегрирани решенија, може флексибилно да реагираме на сите барања на фармацевтските и биотехнолошките компании, како и производителите на медицински уреди.

Оштетените производи и лекови коишто не се одржуваат во рамките на потребната температура, може брзо да предизвикаат ситуации опасни за животот. Од таа причина, сигурноста е клучна во транспортот на здравствените производи. Со решенијата за синџирот на снабдување на DB Schenker се гарантира дека производите чувствителни на време и температура безбедно и сигурно ќе пристигнат до одредиштето. Го зачуваме интегритетот на вашиот производ со посебно ракување и следење, вклучувајќи ги и комплетното следење пратки, решенијата со затворени контејнери за биолошки лекови и сообразноста со сите законски прописи. Исто така, воспоставивме системи за управување со квалитетот и за примена на стандардите на индустријата, како што се GDP, USP 1079 и QEP.

Нашата глобална мрежа ги интегрира авионскиот транспорт, океанскиот транспорт и копнениот транспорт, како и договорната логистика коишто ни овозможуваат веднаш да реагираме на какви било промени во однос на потребите што ќе се појават при дистрибуцијата. Исто така, со методите на мултимодален транспорт обезбедуваме исплатливи, комплетни решенија за синџирот на снабдување.

Оди на производ

eSchenker: Лесно е

eSchenker е најнапредното логистичко решение досега. Ги вклучува сите е-услуги на еден портал, давајќи ви максимална поддршка во секоја фаза на синџирот на снабдување. Од следење и планирање до резервирање и известување, eSchenker ви ги задоволува потребите за логистика.

Следење

Алатката за следење eSchenker е лесна за користење и ви дава информации во реално време за локацијата и статусот на пратката и тековното проценето време на испорака. Доделувањето број за следење значи дека може да пристапите до детални податоци за испорака онлајн без да се најавите.

Технологијата за следење сега ни е надградена со уште подетален преглед и информации за статусот за сите пратки.

Кран од 600 тони истовара турбини во Бурулус

Над 100.000 тони

1/4

Приказна за успех

2/4

Приказна за успех

3/4

Проект за конвои:

4/4