Репутацијата на DB Schenker за квалитет, сигурност и иновации доведува до реализација на широк спектар на услуги со додадена вредност со што се подобруваат и се надополнуваат клучните логистички услуги за транспорт и управување со складишта на DB Schenker.
Колку и да ви се сложени и тешки барањата, DB Schenker има експертиза да ги препознае единствените предизвици за индустријато во којашто работите, со широк спектар на капацитети за заедничко искористување на можностите и што е најважно, мрежа, знаење и посебен став за постигнување успеси во синџирот на снабдување.
Услугите со додадена вредност на DB Schenker не само што ги подобруваат работните процеси, туку и ги олеснуваат стратегиите за да го одложат конечното склопување и обележување на производи додека не дојде до конечна потрошувачка. Крајната цел е да се подобри управувањето со инвентарот, да се намали задржувањето на инвентарот и да се обезбеди конфигурација, трансформација или локализација на производите. Некои од нашите докажани ефективни решенија опфаќаат:
eSchenker е најнапредното логистичко решение досега. Ги вклучува сите е-услуги на еден портал, давајќи ви максимална поддршка во секоја фаза на синџирот на снабдување. Од следење и планирање до резервирање и известување, eSchenker ви ги задоволува потребите за логистика.
Алатката за следење eSchenker е лесна за користење и ви дава информации во реално време за локацијата и статусот на пратката и тековното проценето време на испорака. Доделувањето број за следење значи дека може да пристапите до детални податоци за испорака онлајн без да се најавите.
Технологијата за следење сега ни е надградена со уште подетален преглед и информации за статусот за сите пратки.