На вашиот бизнис му е потребен сигурен транспорт на контејнери и/или на полни утовари низ цела Европа?
Нашиот европски оддел „Решенија за полн утовар“ (Full Load Solutions - FLS) обезбедува индустриска експертиза и сигурност во транспортот на полни утовари преку патен, интермодален и железнички транспорт, како и преку кратки поморски линии. FLS ќе соработува со вас, во партнерски однос, за развој на решенија за вашите пратки со полн утовар, во согласност со вашите специфични потреби. Нудиме широк асортиман на услуги - од патен и конвенционален железнички транспорт, преку мешани модели, од стандарден до специјален транспорт на пратки, од тешки стоки до пратки со голема вредност, од север до југ и од исток до запад.
Прилагодени решенија за синџир на набавка за вашите пратки со полн утовар
Размислуваме подалеку од едноставниот транспорт преку создавање на паметни решенија што можат да вклучуваат претовар и други дополнителни услуги што обезбедуваат сигурен транспорт не само во цела Европа, туку и во рамките на Евроазискиот коридор.
Нашите услуги и опрема можат да се прилагодат според видот на товар што треба да се транспортира и поврзаните индустриски барања и стандарди - независно дали товарот за кој се работи се состои од производи за широка потрошувачка или индустриски сировини, хартија, челик, градежни материјали, машини или електронски уреди.
Да поразговараме за решенијата за полн утовар за вашиот синџир на набавки!
Нудиме и голем избор на дополнителни произвиди и услуги што можат да се интегрираат во согласност со потребите на вашиот синџир на набавки и со барањата на вашите потрошувачи. Тие вклучуваат единици за безбедносна проверка од врата до врата, системи за распакување и повторно пакување, услуги на претовар и складиштење, контејнерски персонал, услуги на контрола на летање и видливост, еколошки дизајн на синџирот на набавки, и уште многу други услуги и производи.
Дали сте заинтересирани за намалување на вашиот јаглероден отпечаток со користење на решенија за железнички транспорт?
Соработуваме со вас на развојот на комбинации од транспортни методи што одговараат на вашите барања на начин што не штети на животната средина, преку уникатниот еколошки отпечаток на товарните возови и флексибилноста на камионскиот превоз. Пратката на главната рута се транспортира преку железница секаде каде што тоа е можно. Тоа може да ги намали емисиите на CO2 и до 80 отсто, споредено со конвенционалниот патен транспорт. Нашата флота од камиони го врши целиот превоз пред утоварот на брод и по истоварот од брод до најдалечните агли во Европа, што значи дека можете да уживате во погодностите што ги нуди транспортот од врата до врата, дури и ако немате приватен железнички колосек. Дури и најсложените еколошки барања за нас се дел од секојдневната работа - токму поради тоа постојано jа унапредуваме нашата камионска флота, го зголемуваме бројот на камиони со Евро 5 стандарди за потрошувачка на гориво, и ги разгледуваме можностите за користење на алтернативниот погонски системи.
Решенијата за полн утовар на DB Schenker нудат и железнички транспорт по Транс-Евроазискиот коридор што ги поврзува Кина и Европа. Таа интермодална врска е привлечна алтернатива за другите начини на транспорт со намалување на транспортните трошоци споредено со воздушниот транспорт, и побрзи времиња на испорака од окенаскиот транспорт. DB SCHENKEReurasia нуди решенија од врата до врата за железнички транспорт на цели композиции, единечни контејнери (FCL), повеќе групирани контејнери, и збирен океански транспорт (LCL) на различни транспортни релации.
eSchenker е најнапредното логистичко решение досега. Ги вклучува сите е-услуги на еден портал, давајќи ви максимална поддршка во секоја фаза на синџирот на снабдување. Од следење и планирање до резервирање и известување, eSchenker ви ги задоволува потребите за логистика.
Алатката за следење eSchenker е лесна за користење и ви дава информации во реално време за локацијата и статусот на пратката и тековното проценето време на испорака. Доделувањето број за следење значи дека може да пристапите до детални податоци за испорака онлајн без да се најавите.
Технологијата за следење сега ни е надградена со уште подетален преглед и информации за статусот за сите пратки.