161110_icono_product_teaser Shape Shape 161110_icono_product_teaser icon-arrow-left icon-arrow-right icon-first icon-last 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser location-pin 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser contact-desktop-white careers-desktop-white

Водечка логистика Азија-Пацифик

DB Schenker – Партнер којшто ви ги задоволува потребите и сигурната врска со којашто ја зајакнувате позицијата на пазарот во Азија и Пацификот. Ние сме ви комплетно решение во синџирот на снабдување. Во регионот Азија-Пацифик, новите пазари се фрагментирани. Предизвиците вклучуваат: растечка конкуренција на пазарот, притисоци од трошоци, предизвикувачи на инфлација и нестабилност на пазарот. Како такви, планирањето и реализацијата во синџирот на снабдување може да бидат исклучително сложени. Компаниите сѐ повеќе бараат 4PL за да ја зголемат контролата на влезните и излезните синџири на снабдување, да ја зголемат видливоста, да го подобрат управувањето со инвентар и да управуваат со рокот на траење на производите. 

DB Schenker е добро етаблирана, светска, логистичка организација и ветеран во индустријата на синџирот на снабдување и логистика. Ние сме лидери на пазарот за 4PL услуга, со стручно знаење на индустријата и разбирање на мултирегулаторната деловна средина на Азија Пацифик. Дозволете ни да бидеме „агент за промена“ којашто има позитивното влијание коешто му е потребно на синџиротот на снабдување. Можете да го премостите јазот помеѓу донесувањето стратешки одлуки, тактичката контрола и оперативната реализација штом ги изберете нашите посветени, интегрирани и комплетни услуги. 

Нашите водечки логистички услуги се: 

  • Проценка на стратегии за централизација и децентрализација 
  • Намалување на инвентарот 
  • Моделирање и оптимизација на мрежата 
  • Управување со складиштето и транспортот 
  • Воспоставување и управување со контролните кули 
  • Избор на доставувачи и управување со процесите 
  • Управување со царинење и товар 
  • Увоз и извоз 
  • Проценки за изведба на доставувачот. 

За поддршка на овие напори, ИТ инфраструктурата ја максимизира предноста на нашата постојна мрежа и мрежата на доставувачот. Комбинираме стратегии како што се: консолидација на пратка, претовар, избор на мултимодален транспорт, систем за испраќање и оптимизација на опрема. Нашата главна цел е да ви овозможиме подобра контрола на синџирот на снабдување и да го поттикнеме потфатот што го преземате за зголемување на вредноста. Ова го правиме со инвестирање во технологии, партнери, услуги и пазари за да ви ја развиеме компанијата. Со избирање на Schenker како ваш 4PL, не само што ви ја зачуваме конкурентната предност компанијата, туку и постојано бараме начини да ја подобриме. Заедно, ќе создадеме однос којшто ги спојува сите елементи на синџирот на снабдување, поврзувајќи ја вашата компанија со доставувачите, клиентите и партнерите низ целиот свет. Заедно, ќе ја реализираме вашата стратешка визија, ќе го подобриме вредносниот синџир и ќе се погрижиме да бидете успешни во индустријата во којашто работите.


eSchenker: Лесно е

eSchenker е најнапредното логистичко решение досега. Ги вклучува сите е-услуги на еден портал, давајќи ви максимална поддршка во секоја фаза на синџирот на снабдување. Од следење и планирање до резервирање и известување, eSchenker ви ги задоволува потребите за логистика.

Следење

Алатката за следење eSchenker е лесна за користење и ви дава информации во реално време за локацијата и статусот на пратката и тековното проценето време на испорака. Доделувањето број за следење значи дека може да пристапите до детални податоци за испорака онлајн без да се најавите.

Технологијата за следење сега ни е надградена со уште подетален преглед и информации за статусот за сите пратки.