161110_icono_product_teaser Shape Shape 161110_icono_product_teaser icon-arrow-left icon-arrow-right icon-first icon-last 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser location-pin 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser contact-desktop-white careers-desktop-white

Е-трговија на следната генерација

DB Schenker во својот центар за логистика Арландаштад (Arlandastad), во близина на Стокхолм, Шведска, успешно го спроведе CarryPick - автоматската реализација на онлајн нарачки и решениe за управување со враќања. Управуван од Lekmer.com, најголемиот онлајн трговец на мало за играчки во Скандинавија, новиот систем ќе ја зајакне позицијата на DB Schenker на пазарот за е-трговија.


CarryPick е дел од портфолиото за е-трговија на DB Schenker насочен кон клиентите со распространет онлајн бизнис коишто бараат значително подобрување на ефективноста. Се работи за систем за автоматско складирање стоки и за подигање нарачки развиен од страна на Swisslog. Суштината на решението се самодвижечки роботи (Автоматски управувани транспортни возила - AGV) коишто пренесуваат мобилни полици и ги испорачуваат до станиците за подигање каде што бараните предмети се подигаат и се пакуваат. 


Поради модуларниот дизајн, решението може да се прошири за да се соочува со сезоните на најголема побарувачка или развојот на компанијата на клиентот и работи со интелигентен софтвер којшто е поврзан со сопствен систем за управување со складишта на DB Schenker. Со оваа конекција, којашто е создадена од страна на внатрешните ИТ експерти со користење стандардни ИТ интерфејси, ќе се олесни спроведувањето на решението на другите локации на DB Schenker, како и за новите клиенти.


„Горди сме и многу среќни што ја спроведовме и управуваме со најобемното спроведување на CarryPick во светот досега“, изјави Андерс Холмберг, менаџер за деловен развој, DB Schenker во Шведска. Со повеќе од 60 роботи и 1.550 мобилни полици, може да управуваме со 35.000 различни производи, 24 часа, 7 дена во неделата. И да подигаме 40.000 нарачки на ден“, додаде тој.


Решението опфаќа складиштен простор од 10.000 квадратни метри, од коишто 6.000 квадратни метри се резервирани за системот CarryPick. Број 1 во својата класа на ефективност, решението CarryPick нуди целосна флексибилност и ја зголемува продуктивноста на вработените за 60 проценти, максимизирајќи го зачувувањето простор за околу 20 проценти.


Оваа следна генерација на автоматизација DB Schenker ја управува преку програмата за иновации и решенија, следејќи го фокусот на компанијата за стратегијата за логистика 4.0. Преку активно промовирање на дигитализацијата и инвестирањето во доказ за иновативни идни технологии, DB Schenker поставува нови стандарди за управување со синџири на снабдување на клиентите во целиот свет и ги зајакнува своите позиции како прв избор на партнер во синџирот на снабдување.