161110_icono_product_teaser Shape Shape 161110_icono_product_teaser icon-arrow-left icon-arrow-right icon-first icon-last 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser location-pin 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser contact-desktop-white careers-desktop-white

Проект за конвои: Први видови транспорт со вмрежени камиони

DB Schenker и MAN формираа партнерство за користење камиони со висока технологија на автопатот A9 • Страните потпишаа Меморандум за разбирање

Камиони со висока технологија на автопатот: ова е првото партнерство помеѓу логистичка компанија и производител на камиони со цел да формираат вмрежени конвои на камиони и да ја тестираат нивната употреба во вистински услови за работа.

За таа цел, DB Schenker и MAN потпишаа Меморандум за разбирање и првично планираат да ги утврдат основните услови за проектот и за следните практични испитувања. Во 2018 година, планираат да управуваат со конвој на камиони за дигитално тестирање на автопатот A9 помеѓу филијалите на DB Schenker во Минхен и Нирнберг. Втората фаза ќе вклучува распоредување на камиони со автоматско управување на територијата на DB Schenker во Нирнберг.

Конвој се однесува на систем на возила за патен сообраќај во којшто може да се управува со најмалку два камиони на автопат со мало растојанието помеѓу нив со помош на технички и контролни системи. Сите возила во конвојот се поврзани еден со друг со помош на електронски „спојки“ во форма на комуникација на возило со возило. Водечкото возило ги одредува брзината и насоката.

Растојанието помеѓу поединечните камиони е околу десет метри, што е еднакво на околу половина секунда возење. Електронското поврзување помеѓу поединечните возила во конвојот ја гарантира безбедноста на работењето. Примарната цел на оваа постапка е да се овозможи групирање и на тој начин да се заштеди гориво до десет проценти за целиот конвој. Со намалувањето на потрошувачката на гориво се намалуваат и емисиите на јаглерод.

„Целта ни е да станеме двигател на дигиталните деловни модели во индустријата за транспорт и логистика и да бидеме избраниот обезбедувач за клиентите на коишто им се потребни дигитални и недигитални услуги“, изјави Јохен Тевес, претседател на Управниот одбор на DB Schenker. „Затоа ја поздравуваме оваа можност да соработуваме со MAN и да го тестираме формирањето на конвоите во рана фаза во секојдневните активности помеѓу терминалите за копнен транспорт. DB Schenker и MAN очекуваат од ова партнерство да произлезат нови резултати за оптимизирање на процесите за логистика“.

Евалд Кајзер, член на Управниот одбор за копнен транспорт на DB Schenker, додаде: „Проектот се фокусира на побарувачката на клиентите за целосно транспарентни, како и побрзи и поеколошки процеси. Во целина, очекуваме тоа да овозможи значително зголемување на ефикасноста со поврзување на нови решенија со процесите за логистика на клиентите. Веруваме дека вмрежното и автоматското возење има огромен потенцијал“.

Јоаким Дрес, претседател на Извршниот одбор на MAN SE и MAN Truck & Bus, ги истакна предностите на конвоите на камиони од гледна точка на производителот на возилото: „Конвоите се од вистинска корист за безбедност на транспортот. Човечката грешка е, за жал, е една од најчестите причини за верижни судири. Поврзувањето на камионите по електронски пат ни дава ветувачки пристап кон овој проблем. Групирањето носи големо намалување на потрошувачката на гориво во процесот. Во исто време формирањето конвои ќе ни овозможи поефикасно да ја искористиме транспортната инфраструктура“. Меѓутоа, тој истакна и дека сѐ уште не се создадени важните предуслови за формирањето конвои да стане стандардна процедура. „Дали концептот може да се реализира со широк обем ќе зависи во голема мера од правната рамка. MAN ќе понуди таков систем штом ќе биде создадена правна основа за тоа“.

Според мислењето на Јоаким Дрес, партнерството со DB Schenker овозможува идеална рамка за тестирање на конвоите во секојдневниот транспорт и за понатамошно развивање. „Особено сакаме да ги проучиме бројните и различни барања коишто практиката ги наметнува на системот и заедно со клиентите да развиеме решенија со коишто ќе овозможиме оптимално користење на конвоите“.

Во првата фаза на проектот, DB Schenker и MAN Truck & Bus ќе одговорат на основните прашања во врска со пробното работење, ќе ги идентификуваат соодветните сценарија за тестирање на конвоите и ќе ги утврдат техничките и логистичките барања за формирање конвои. Друга област на проектот ќе вклучува собирање и обезбедување на потребните информации и користење на тие информации од страна на производителот на камионот и специјалистот за логистика.

Партнерите исто така ќе го разгледаат опсегот за комбинирање на конвоите со други дигитални услуги, како и прашањата за трошоците и можноста за заштеда.

Проектот дополнително ќе ги разгледа условите коишто возачите на камионите во конвои мора да ги задоволат, како и општото влијание на оваа нова технологија на камионот како на работното место, сега и во иднина. „За многу од овие работи сѐ уште е потребно многу време за да се случат, но сакаме да ги тестираме и да помогнеме да ја креираме оваа иднина и да обезбедиме инспирација и поттик“, рече Јохен Тевес. „Сакаме да интегрираме вмрежени камиони со автоматско возење во процесите за логистика и да дознаеме кои предности, покрај намалувањето на потрошувачката на гориво, може да ги постигнеме за клиентите и оперативните процеси“.