161110_icono_product_teaser Shape Shape 161110_icono_product_teaser icon-arrow-left icon-arrow-right icon-first icon-last 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser location-pin 161110_icono_product_teaser 161110_icono_product_teaser contact-desktop-white careers-desktop-white

Deutsche Bahn продолжува да биде партнер на германските олимписки и параолимписки тимови

(Берлин/Есен, 11 јули 2017 година) Deutsche Bahn AG, Schenker Deutschland AG, Deutscher Olympischer Sportbund (Германска олимписка спортска конфедерација, DOSB) и Deutscher Behindertensportverband (Германскиот национален параолимписки комитет, DBS) ги здружија силите за Олимписките и Параолимписките игри во Пјонгчанг во 2018 година и во Токио во 2020 година. DB AG е официјалниот партнер за мобилност и DB-подружница DB Schenker е официјалниот партнер за логистика.

Партнерството беше објавено во ICE depot во Франкфурт-Грисхајм. Лиза Зимерман, којашто се натпреваруваше на Олимписките игри во Сочи во скијање во слободен стил и Маркус Рем, атлетичар и добитник на златен медал три пати на Параолимписките игри во Лондон и во Рио, беа присутни за соопштението.
DB AG ја поддржа DBS од 2002 година и DB Schenker стана копартнер на DOSB којашто го замени германскиот национален олимписки комитет (NOK) почнувајќи од Олимписките игри во 2000 година во Сиднеј. И двете партнерства сега се здружуваат и се прошируваат во рамките на групацијата Deutsche Bahn.  

„Проширувањето на партнерството со спортисти од врвна класа во Германија за поддршка на Германските олимписки и параолимписки тимови покажува колку сериозно ја сфаќаме корпоративната општествена одговорност“, изјави д-р Бастијан Грунберг, раководител на управување со бренд и содржина во DB. „Со нетрпение очекуваме да ги поддржиме главните германски спортисти како официјален партнер на мобилноста“.

„Задоволни сме што ќе продолжиме да обезбедуваме комплетни логистички услуги на делегациите од DOSB и DBS, како и на германските куќи на следните две олимписки игри во Азија“, рече д-р Никлас Вилмкинг, раководител на аеротранспорт во Schenker Deutschland AG. Нашиот искусен тим ќе ги поддржи нашите спортисти и здруженија со приспособени логистички решенија на патот кон игрите“.  

DB SCHENKERспортски настани за Олимписките игри (Слика за архива)

„DB Schenker е искусен тим којшто веќе нѐ поддржа на претходните девет Олимписки игри“, рече Михаел Веспер, главниот извршен директор на DOSB. „Многу сме среќни што може уште еднаш да имаме доверба во искуството и флексибилноста на DB Schenker, што е апсолутно неопходно за големи спортски настани во странство. Во текот на следните неколку месеци, ќе оствариме блиска соработка за да им понудиме најдобри услови на нашите германски атлетичари за да бидат успешни во Пјонгчанг“.
„Спортовите за лица со инвалидитет се симбол на виталност и мобилност“, изјави Фридхелм Јулиј Бушер, претседател на DBS. „Имаме долгорочен партнер на наша страна со DB AG којшто не само што ги поддржува спортистите од врвна класа, туку и работи на подобрување на условите за лицата со инвалидитет во Германија“.

Германската конфедерација на олимписки спортови (DOSB) е организација која ги обединува водечките здруженија и државните спортски здруженија и којашто има 27,5 милиони членови во повеќе од 90.000 спортски клубови. Покрај тоа, како Германски национален олимписки комитет (NOK), одговорен е заедно со МОК за испраќање на германскиот тим на Олимписките игри.

Германскиот национален параолимписки комитет (DBS) е здружение во рамките на DOSB коешто е одговорно за спортови за лица со инвалидитет. DBS е членка на Меѓународниот параолимписки комитет (МПК).